Сте пробале ли похуван прокељ? Од кујната на Лана ни доаѓа баш таков рецепт!
Претходно објавивме рецепти за печен прокељ во рерна и салата од прокељ со прелив од маслиново масло и лимон, а сега е време за нешто ново. Едноставно, лесно и многу вкусно.

Состојки:
- 400 грама прокељ
- пченкарно брашно
- малку вода или пиво
- сол
- мелен црн пипер
- буковска пипер.
Подготовка:
- Прокељот измијте го и сварете го во посолена вода за време од 10 минути. Потоа исцедете го.
- Измешајте го пченкарното брашно со малку вода за да се добие смеса погуста од таа за палачинки.
- Смесата зачинете ја со сол, црн пипер и буковска пипер. Ако не правите посна варијанта, можете да додадете и јајце во смесата.
- Варениот прокељ ставете го во смесата за похување и пропржете го во загреано масло. Пржењето на прокељот е кратко, малку да зарумени.
- На крај, извадете го кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете го додека е топол со сезонска салата. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Обарен прокељ со домашен прелив за 10 минути.