Мека и привлечна за сечие око! Едноставна за подготовка и многу вкусна. Не треба да ја пропуштаме приликата да ја пробаме оваа посна колач торта со какао и кафе!
Еве што вели Катерина: „Едноставна посна торта со која го одбележавме мојот именден. Искрено толку мека торта досега немам пробано, вреди да се проба.“

Може да ве интересира: Едноставна посна торта со јаболка и ореви.
Состојки:
- 200 гр брашно
- 120 гр шеќер
- 6 гр инстант кафе во прав
- 20 гр какао
- 50 мл масло
- 270 мл вода
- 1 ќесичка праок за печиво
За посипување:
- по потреба шеќер во прав.
Подготовка:
- Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и какаото.
- Во одделен сад растворете го кафето растворете со водата.
- Додајте го маслото и убаво измешајте.
- Со постојано мешање, во млаз додајте ги течните состојки, во садот со сувите состојки.
- Ставете ја смесата во тркалезен калап или тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
- Печете на 180 степени, за време од 30 минути.
- Изладената торта посипете ја со шеќер во прав и послужете. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Брза посна торта со мармалад и ореви.