Приготвена и испечена во нашата кујна! Речиси сите ги обожаваат тортите со јаболка, ореви и цимет, па рековме и ние да приготвиме таков рецепт. Пробајте ја оваа посна торта со јаболка и ореви, за која би рекле дека е слатко задоволство кое се приготвува многу лесно и едноставно.
Посните торти знаат да им направат проблем на понеискусните домаќинки, па затоа ние сме тука да понудиме добар рецепт со детално објаснети чекори за подготовка. Следете ги и нема да погрешите!

Состојки:
- 1 кг јаболка
- 4 филџани шеќер
- 1 лажица сода бикрабона
- 1 лажица екстракт од ванила или 1 ќесичка ванилин шеќер
- цимет по вкус
- 2 филџани масло
- 2 филџани вода
- 8 филџани брашно
- 100 грама сечкани ореви.
Подготовка:
- Јаболката измијте ги и излупете ги. Потоа изрендајте ги на крупната страна на рендето и ставете ги во длабок сад. Во садот додајте го шеќерот и добро измешајте. Додајте ги и сода бикарбоната, ванилата и поросете цимет по желба.
- Оставете ги јаболката да стојат за време од 1 часа.
- Потоа во садот додајте ги маслото и водата. Измешајте ги состојките.
- Брашното и сечканите ореви измешајте ги по посебен сад. Потоа, додајте ги во смесата со ренданите јаболка. Измешајте убаво.
- Смесата ставете ја во правоаголна тава (големина број 40) обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печење уште 45 до 60 минути. Печената посна торта со јаболка и ореви оставете ја да се излади, а потоа исечете парчиња по желба. Пред служење секое парче поросете го шеќер во прав по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Брза посна торта со мармалад и ореви.