посна фокача

Посна фокача со маслинки, чери домати и рузмарин

Вкусно за целото семејство! Супер лесен и брз рецепт за популарната италијанска фокача, овој пат во посна варијанта со нашето омилено маслиново масло. Па, доколку сте љубители на медитеранската кујна, вие сте на вистинското место. Подгответе ја нашата посна фокача со маслинки, домати и рузмарин и за миг отпатувајте на некоја песочна плажа со вашите најмили. Ова е вкус кој освојува!

Фокачата се прави брзо и едноставно, од лесно достапни состојки кои ги имаме во нашите домови. Па, доколку не сте по месењето, ова е рецепт кој може да го подготвите и со миксер и за него не ви се потребни никакви кулинарски вештини. Со фокачата лесно ќе ги импресионирате вашите најблиски без многу труд, но секако со многу љубов.

посна фокача

Состојки:

  • 1 1/3 чаша млака вода
  • 2 лажички шеќер или мед
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 3 ½ чаши брашно
  • ¼ чаша маслиново масло
  • 2 лажички морска сол.

За прелив:

  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • морска сол
  • маслиново масло.

За гарнирање:

  • чери домати
  • црни маслинки.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот и млаката вода. Садот ставете го на топло место околу 5 -10 минути за да се активира квасецот.
  2. Додајте ги брашното, маслиновото масло и солта, и со помош на миксер на средна брзина миксирајте го тестото околу 5 минути. Доколку немате миксер, измесете го со рацете. Доколку тестото е лепливо, додајте уште ¼ чаша брашно.
  3. Вака подготвеното тесто извадете го од садот и со помош на раце оформете топка.
  4. Садот премачкајте го со маслиново масло и вратете го оформеното тесто. Покријте го со влажна крпа и оставете го на топло место за да нарасне околу 45-60 минути или додека го дуплира својот волумен.
  5. Нараснатото тесто ставете го на добро набрашнета работна површина и развлечето го во круг со дебелина од 1, 5 см. Тестото повторно покријте го со влажна крпа и оставете го уште 20 минути.
  6. Потоа префрлете го во плех обложен со хартија за печење и со помош на прстите направете вдлабнатини по целата негова површина.
  7. Прелијте го со 1-2 лажици маслиново масло и посипете го со свежи гранчиња рузмарин и морска сол.
  8. Доматите и маслинките исечете ги на тенки листови и наредете ги врз вака подготвената фокача.
  9. Печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека порумени.
  10. Печената фокача премачкајте ја со маслиново масло и послужете ја додека е топла. На здравје и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за шеф салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: