Овие колачи имаат важно место во нашата традиција и скоро да нема човек кој не ги обожава! За време на постите пак, го запазуваме и фактот да може да си каснат и тие кои постат, па ви припремивме рецепт за ароматични и посни ванилици со цимет и бадеми.
Може да ве интересира: Брзи кокосовки.

Состојки:
- околу 500 гр брашно
- 300 гр маргарин на собна температура
- 150 гр шеќер во прав за подготовка на колачиња
- 1/2 чаша мелени бадеми
- 1 лажица цимет
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 20 мл бадемово млеко (може и вода за замена ако немате)
- шеќер во прав по потреба за посипување на колачите.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги маргаринот, брашното и ванилиниот шеќер, па измешајте.
- Додајте го бадемовото млеко, мелените бадеми и циметот, па добро измесете ја смесатата. Тестото треба да биде со средна тврдина и не треба да се дроби, ниту да се рони.
- Припременото тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути.
- Откако тестото се одморило, направете кора и со помош на калапи формирајте колачи со форма по желба.
- Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10 минути.
- Печените колачи треба да бидат со светла боја.
- Посипете ги со шеќер во прав, а по желба додајте и малку цимет при посипувањето. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Ванилици со мармалад.