Посни мини пица палачинки

Кој би одолеал на вкусот на пица, па уште во вака привлечна и нова варијанта?! Да уживаме во деновите на постите, да си направиме посни мини пица палачинки. Меки се и имаат многу нежна текстура, сигурно ќе ви се допаднат!

И во деновите на пости може да се ужива во совршениот вкус на пица. Овој рецепт е одличен за целото семејство и гарантирано пружа вкусни и радосни моменти.

Посни мини пица палачинки 3

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад ставете го брашното, печивото, ориганото и солта. Добро измешајте.
  2. Во друг сад ставете ги посниот мајонез, кечапот и маслото. Измешајте ги и додајте ги во садот со сувите состојки. Додајте ја и водата и убаво измешајте за смесата да се соедини.
  3. Печете на средна температура, во загреано и малку намрсено тавче за палачинки. Со една лажица зацрпете од смесата, а со другата одделете ја во тавчето. Кога ќе падне во тавчето ќе наликува на топче со неправилна форма, па по потреба малку притиснете одозгора.
  4. Почекајте 2 минути да се испечи од едната страна, а потоа превртете ја и оставете ја уште 1-2 минути да се печи од другата страна. Ако температурата ви е посилна, прилагодете го печењето, но трудете се секоја палачинка да е зготвена и во внатрешноста.
  5. Сервирајте со кечап и маслинки за прилог и уживајте во светот на вкусовите. На здравје!
Посни мини пица палачинки 2

Овој и многу други вкусни рецепти можете да пронајдете во готвачот со посни рецепти, кој го приготвивме во соработка со Витаминка. Готвачот со посни рецепти е подарок во промотивното пакување со три мармалади од Витаминка.

готвач

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.

*Спонзориран текст.

Сподели: