Посни триаголници со фил 1

Посни триаголници со фил од компири

Кога се пости или за секој ден, испробајте нов рецепт. Направете ги овие посни триаголници со фил од компири кои лесно се приготвуваат, а се превкусни за јадење. Филот е едноставен и убаво се вклопува во нив, многу ќе уживате!

И благодариме на Кате за убавиот рецепт, а на вас со задоволство ви препорачуваме да ги пробате што поскоро. Еве што вели таа за овој рецепт: „Идејата за додавање на сусамово масло дојде спонтано. Во моментот кога требаше да додадам масло во тестото си реков ај да им дадам малку шмек на сусам. И навистина при јадењето имаат посебен вкус.“

Посни триаголници со фил 2

Состојки:

За тесто:

  • 300 гр брашно
  • 1/4 коцка свеж квасец
  • 3 лажици сусамово масло (во замена користете маслиново или сончогледово масло)
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 120-150 мл топла вода.

За фил:

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги состојките за тестото. Замесете го тестото за време од 5 до 10 минути, а потоа оставете го да нарасне.
  2. Во меѓувреме компирот изрендајте го и испржете го со малку масло.
  3. Во текот на пржењето додајте и малку вода за да стане кашест.
  4. Пржениот компир посолете го и додајте го копарот.
  5. Нараснатото тесто исучете го во форма на правоаголна кора.
  6. Исечете ја кората на квадрати и во секој квадрат нанесете од филот со компири.
  7. Преклопете ги коцките тесто и убаво со прсти затворете ги.
  8. Пржете ги во поголема количина масло.
  9. Испржените посни триаголници извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
  10. Послужете ги со јогурт или свежа салата по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени посни пирошки со фил од компири.

Сподели: