Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.
Подгответе палачинки на класичен начин, филувајте ги со мелено месо и направете лесно и брзо вкусни похувани палачинки. Крцкави од надвор, сочни и меки од внатре. Вкус кој освојува!
Состојки:
- 10 палачинки
- 800 г мелено месо од Агриа
- 2 главици кромид
- сол и црн пипер по вкус
- масло по потреба.
За похување:
- 1/2 чаша од смесата за правење палачинки
- лебни трошки по потреба
- масло по потреба.
За сос:
- 1 чаша кисела павлака
- 100 г мајонез.
Подготовка:
- Најпрво подгответе ги палачинките на класичен начин по кој што ги правите секогаш, само печете ги во поголема тава. Одвојте 1/2 чаша од смесата за палачинки која подоцна ќе ја искористите за похување.
- Во тава на загреано масло запржете ги кромидот и меленото месо.
- Потоа, врз секоја палачинка ставете две лажици фил со месо и преклопете ја од двете страни, па завиткајте ја како ролат.
- Вака подготвените палачинки извалкајте ги во смесата која ја оставивте на почеток, посипете ги со лебни трошки и пржете ги во тава на загреано масло. Откако ќе поруменат, завртете ги на другата страна. Пржените палачинки ставете ги врз кујнска хартија за да се исцедат од вишокот масло.
- Сервирајте ги додека се топли со сос од павлака и мајонез. По желба може да додадете и свеж копар. На здравје!
Наша препорака:
Вкусот на секое јадење најмногу зависи од квалитетот на намирниците. Колку подобри намирници, толку повкусно јадење. За таа цел ви препорачуваме да си набавите мелено месо од Агриа, прочуени по нивните квалитетни и свежи призводи. Тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Пробајте го свежото месо од Агриа и ве уверуваме дека нема да згрешите! Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во нивните месарници како и во Тинекс и Рамстор маркетите.
Ви препорачуваме да прочитате: Мексиканско бурито со свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.