смути за слабеење со банана и јагоди

Пролетно смути за слабеење со банани и јагоди

Спремен си за ладно уживање? Намали ги килограмите, имај енергија и заслади се со нашиот нов рецепт за пролетно смути за слабеење! Фантастичната комбинација од банана, јагоди и ленено масло ќе ти помогне за намалување на килограмите, ќе ти даде ситост и енергија за преку целиот ден. 

Овој рецепт е здрав и богат со антиоксиданси, растителни влакна и омега-3 масни киселини, кои се значajни за здравјето на срцето, правилна работа на дигестивниот систем, и сјајна и убава кожа. Смутито има ниска количина на натриум и заситени масти, што го прави идеален оброк за лицата кои имаат висок притисок и покачен холестерол. Можете да го консумирате како здрав појадок или ужина. 

смути со банана и јагоди за слабеење

Состојки:

  • 1 чаша јагоди (свежи или замрзнати) 
  • 1 средна банана (свежа или замрзната) 
  • 1 чаша обезмастено млеко (може бадемово или овесно по желба) 
  • 1 лажица ладно цедено масло од ленено семе од Фила
  • 1-2 лажици мед (по желба). 

Подготовка:

  1. Бананата исечкајте ја на парчиња. По желба замрзнете ја. 
  2. Сите состојки ставете ги во блендерот. Миксирајте додека добиете кремаста смеса.
  3. Смутито поделете го во 2 чаши. По желба додајте коцки мраз. Уживајте и слабејте!
нутритивна анализа смути за слабеење

Како помагаат состојките на ова смути за слабеење?

Бананите содржат растителни влакна кои даваат чувство на ситост

Бананите се добри за слабеење затоа што содржат растителни влакна, кои го успоруваат варењето на храната и ви даваат чувство на ситост. Истражувањата покажале дека зголемувањето на внесот на растителни влакна може да го намали ризикот од зголемување на тежината до 30%. Нутриционистите препорачуват да се јаде една банана дневно како дел од здравата исхрана за слабеење.

Јагодите се нискокалорични и богати со растителни влакна

Како и бананите, така и јагодите содржат многу растителни влакна, кои помагаат да се чувствувате сити подолго време. Растителните влакна влијаат за намалување на желбата за јадење, особено ако сте на режим со ограничени калории. Јагодите имаат ниска калориска вредност, што значи дека можете да јадете повеќе од нив без да се грижите за вашата тежина. Една чаша (152 грама) јагоди има само околу 49 калории.

Лененото масло го забрзува метаболизмот и го помага празнењето на цревата

Лененото масло е богато со омега-3 масни киселини, кои имаат бројни придобивки за здравјето. Омега-3 масните киселини можат да помогнат во контролата на апетитот и да го спречат прекумерно јадење. Покрај тоа, лененото масло содржи лигнан, состојка која влијае за намалување на крвниот притисок и поттикнување на слабеењето.

Лененото масло ги подмачкува цревата и работи како природен лаксатив, а тоа е многу важно при процесот на слабеење. Со забрзувањето на метаболизмот, се подобрува детоксикацијата, а губењето на вишокот килограми е многу побрзо. 

смути

1-2 лажици ленено масло на ден ги обезбедува дневните потреби на омега 3 и омега 6 масните киселини во организмот. Ова масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила. Ладно цеденото масло од ленено семе е достапно во пакување од 500 мл и 250 мл.

Прочитај повеќе за 6-те здравствени придобивки од популарните ленено семе и масло од лен.

Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: