Време е за супер освежително смуди кое ќе ве најаде и ќе ви даде енергија за убав почеток на денот! А освен за појадок ова протеинско смуди може да биде и вкусна ужина или напиток кој може да го консумирате пред тренинг.
Она што најмногу ни се допадна при подготовка на ова смуди е лесниот, освежителен вкус. Така може да кажеме дека ова смуди со јагоди е едно од нашите омилени. Не содржи шеќер, а изобилува со хранливи состојки.

Состојки:
- 3 лажици сурутка во прав
- ½ банана
- 1 чаша свежи или замрзнати јагоди
- 1 чаша кокосово млеко (може да го направите сами)
- 1 лажица кокосови струготини или кокосово брашно.
Подготовка:
- Бананата ја лупиме и ја сечеме на кругови со ширина од 5 мм. Парчињата банана ги ставаме во ќеса за во замрзнувач. Потоа, бананата за замрзнуваме за време од 30 минути или повеќе.
- Во блендер ги ставаме кокосовото млеко, сурутката, замрзнатата банана, свежите јагодите и кокосовите струготини. Миксираме за време од 30 секунди или повеќе додека се добие хомогена смеса.
- Готовото протеинско смуди со јагоди и кокос го служиме веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.