Крцкави, солени и вкусни – пуканките претставуваат најдобра опција за грицки кои совршено се вкопуваат при гледање на омилената серија, фудбалски натпревари и детски забави. Доколку сакате промена и малку да експериментирате во кујната, може да го збогатите вкусот и да приготвите пуканки на 5 различни начини. Прочитајте ги нашите предлози и изберете го вашиот омилен вкус.
Како да приготвите пуканки?
Пуканките претставуваат совршен меѓуоброк затоа што ја зголемуваат ситоста, па наредниот оброк може да се одложи повеќе време. Покрај тоа, претставуваат единствени грицки кои содржат 100% необработено цело зрно. Само една порција пуканки може да задоволи околу 70% од дневните потреби на организмот за житарки во цело зрно.

Состојки:
- ½ чаша пченка за пуканки
- 2 до 3 лажици Брилијант масло.
Подготовка:
- Во големо тенџере ставете го маслото и добро разнесете го низ целата површина.
- Тенџерето ставете го на оган, на средно висока температура. Во загреаното масло додајте ја пченката во еден слој. Тенџерето затворете го со капак.
- Штом ќе слушните дека неколку зрна испукале, добро протресете го тенџерето за време од 10 секунди. Потоа вратете го на оган околу 10 секунди и повторно протресете. Постапката повторувајте ја неколку пати за време од 2 минути.
- Кога зрната од пченка пукаат бавно, исклучете го шпоретот и добро протресете го тенџерето. Потоа, капакот извадете го и пуканките ставете ги во чинија. Веќе се спремни за нови вкусови!
Морската сол е подобра опција во споредба со обичната сол
Ако класичните солени пуканки ви се омилени, наместо обична, користете морска сол од Витаминка. Достапна е во практично пакување со мелница, што оневозможува навлегување на влага. Така, секогаш ќе имате свежо мелена морска сол за сите јадења. Повеќе за придобивките на морската сол, прочитајте на линкот.
Пикантни зачинети пуканки – да или не?
Пуканките одлично се комбинираат со зачини како коријандер и лута пипер. Зачинети на овој начин се многу вкусни, па може да ги консумирате и без сол. Разгледајте ја новата палетата на зачини на Витаминка, набавете ги и направете пуканки по ваш вкус.
Чоколадните пуканки се прв избор на многумина
Чоколадо и пуканки, одлична комбинација, зар не? Чоколадните пуканки можете да ги приготвите дома. Не знаете како? – Еве ја нашата мала тајна. Во сад на пареа или во микробранова печка растопете црно или бело чоколадо по желба. Наш избор се Синтагма какао крем за торти и Синтагма млечен крем за торти. Готовите несолени пуканки ставете ги во поголем сад и прелијте ги со растопеното чоколадо. Кратко измешајте и оставете го чоколадото да се излади. Вкусните чоколадни пуканки послужете ги веднаш.
Пуканки со вкус на сирење
Пуканките со вкус на сирење најчесто може да се набават од маркетите, но исто така и да се приготват дома. Едноставно, врз топлите пуканки нарендајте малку пармезан или друго сирење по избор. За позачинет вкус додајте малку ким, лута буковска пипер или рузмарин. Уживањето ќе биде загарантирано!
Микс од суво овошје, зачини, семки и јаткасти плодови
Пуканките без сол може да ги помешате со суво овошје, семки од сончоглед, бадеми и малку цимет од Витаминка. На овој начин ќе добиете совршени грицки за омилениот филм, серија или спортски натпревар.
Ви препорачуваме да прочитате: Практични совети за готвење со куркума.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.