Кога станува збор за специјалитетите од пиперки, тие се меѓу омилените зимници во секој дом! Меѓу нив се вбројува и превкусната домашна лутенка која се карактеризира со малку киселкаст вкус споредено со ајварот. Тоа се должи на нејзиниот состав, а рецептот кој е проверен го споделуваме подолу.
Има разни варијанти на ајвар и лутенка, од едноставни вкусови кои вклучуваат само пиперки и т.н. богати вкусови со додаток на други зеленчуци како домати, модри патлиџани, лути пиперчиња, некои зачински растенија и слично.

Рецепт за највкусна домашна лутенка
Состојки:
(за 4-5 тегли)
- 10 кг црвени пиперки
- 3 кг домати
- 2-4 лути феферони (по вкус)
- 2-3 лажици алкохолна киселина
- 1-2 главици лук
- 2-4 китки магдонос (по вкус)
- 1 литар + 200 мл сончогледово масло
- сол по вкус (околу 5 лажици, а најдобро да додавате постапно по вкус).
Подготовка:
- Пиперките измијте ги и исушете ги, а може да ги избришите и со крпа.
- Печете ги во рерна на 225 степени – на решетка или во плех, а можете и да употребите скара. Печете ги додека се оформи лушпа која лесно ќе се издвои од пиперката.
- Извадете ги пиперките од рерна и покријте ги со сува чиста крпа или ставете ги во затворен сад, за лушпата подоцна полесно да излегува.
- Така покриени, оставете ги да стојат најмалку половина час или додека се изладат, па отстранете им ги дршките и лушпите.
- Во меѓувреме почнете да ги печите доматите на иста температура како и пиперките. Зависно од големината, доволни ќе бидат 30-40 минути.
- Кога ќе се изладат, излупете им ги лушпите и нив, па заедно со пиперките измелете ги во машина за мелење месо или блендер.
- Во големо тенџере загрејте го маслото со киселина и малку сол, а потоа во него додајте ја смесата од пиперки и домати.
- Варете 2-3 часа на умерена температура, а при тоа постојано мешајте. Варете додека лутенката постигне густина која ви се допаѓа.
- Во последниот половина час од варењето додајте ги зачините. Лукот излупете го, измијте го и исечете го на ситно или иситнете го со помош на алатка за лук. Магдоносот измијте го и исечкајте го на ситно, фефероните исто така.
- Готовата домашна лутенка турете ја во тегли кои се затвораат со капак.
- Претходно припремете ги теглите. Измијте ги, исушете ги и стерилизирајте ги во рерна (загрејте ја на 100 степени и оставете ги да стојат внатре најмалку 15-20 минути).
- Стеризилираните и чисти тегли наполнете ги со врелата лутенка, а на врвот оставете празен простор, барем колку 1 см.
- Во посебен сад загрејте ги дополнителните 200 мл масло и во секоја од теглите турете по малку, доволно колку да се прекрие површината за да нема контакт со воздухот во внатрешноста на теглата.
- Теглите затворете ги со капачињата, па ставете ги повторно кратко во рерна на 100 степени. На крај, оставете ги да се изладат и чувајте ги на ладно и темно место.
Ќе уживате во секој залак, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Ајвар на македонски традиционален начин.