Уште одамна, од времето на древните Египјани, се користело рицинусово масло како средство за здравје и убавина. Ова масло има многу густа структура, благо жолтеникава боја и интензивен мирис. Се добива од семките на растението ricinus communis. Богато е со омега 6 и омега 9 масни киселини, витамин Е и затоа има огромна примена во козметиката за нега на кожата, ноктите и косата.
Благодарение на големата количина на омега 6 и омега 9 масни киселини, рицинусовото масло е спас за за слабата и кршлива коса. Го спречува косопадот, ја зацврстува косата, ја храни и видно ги подобрува изгледот и структурата на влакното.

3 причини зошто рицинусовото масло е корисно за косата:
- Рицинусовото масло е богато со рицинолеинска киселина, која има силно дејство против габите и бактериите. Доколку опаѓањето на косата е последица на една од овие две причини, рицинусовото масло за коса е одличен природен лек против опаѓање на косата.
- Омега 9 и омега 6 масните киселини се составен дел на ова масло. Тие го негуваат фоликулот на косата и на тој начин овозможуваат косата да биде поздрава и посилна.
- Рицинусовото масло е специфично затоа што има длабински ефект. Ако го нанесете на површината на скалпот, продира под кожата, го храни фоликулот на косата и поттикнува подобра циркулација. На овој начин, маслото делува за побрз раст на косата.
За што друго може да ви помогне?
Против масна коса и првут
Нејзините активни состојки ги разградуваат бактериите, габите и микробите на скалпот, кои го попречуваат нормалниот раст на косата и слободните пори. Помалку првут и непотребни слоеви нечистотија на скалпот значат подолга, чиста и помалку масна коса.
Против испукани и суви врвови на косата
Ако имате расцветани врвови на косата кои изгледаат суво и безживотно, можете визуелно да ги оживеете со користење на рицинусово масло за коса.
Како замена за регенератор
Редовната употреба на рицинусово масло ќе ја направи вашата коса помека и полесна за чешлање. Не ви требаат скапи препарати, бидејќи рицинусовото масло истовремено ја регенерира и храни косата.
Ви предлагаме да прочитате: Природни третмани против опаѓање на косата.