Свинско месо во сос со палента

Свинско месо во сос со палента

Свинско месо во сос со палента е фантастичен рецепт за целото семејство! Ние знаеме дека секоја храна има своја специфичност и е највкусна кога е подготвена на најдобриот начин, па во овој случај ви предлагаме испробан рецепт за едноставната за припрема палента.

Во оваа оваа комбинација е навистина вкусна и нема да можете да се донајадете. Започнете со подготовка што поскоро и уживајте во јадењето, на здравје!

Свинско месо во сос со палента

Состојки:

За сосот:

  • 300 гр свинско месо
  • 300 гр свежи колбаси
  • 2 средно големи главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 морков
  • 2 листа ловор
  • 2 лажици магдонос
  • 250 мл доматно пире
  • 500 мл вода
  • 1 мало лажиче црвена пипер
  • 50 мл вино
  • сол и црн пипер по вкус.

За палентата:

  • 1,2 л вода
  • 250 гр палента
  • 3 лажици масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Месото и колбасите исечете ги на помали парчина и ставете ги во тава со малку масло.
  2. Пржете ги неколку минути за да добијат црвенкаста боја.
  3. Кромидот, морковот и лукчето исечкајте ги и додајте ги во тавата. Заедно пржете уште неколу минути.
  4. Потоа додајте го виното, водата, ловорот, магдоносот, црвениот и црниот пипер и сол по вкус.
  5. Измешајте и оставете го да вари на среден оган додека течноста испари, но не целосно.
  6. При крај кога останала малку течност, додајте го доматното пире, измешајте и оставете го да вари уште 15-тина минути за да се згусти сосот.
  7. Кога е готово оставете го покриено на страна и подгответе ја палентата.
  8. Водата со солта и маслото ставете ја да зоврие.
  9. Постепено додавајте ја палентата и со дрвена лажица постојано мешајте додека се згусти.
  10. Турете ја во плехче намачкано со масло и израмнете ја.
  11. Оставете малку да се излади, па исечете ја на квадрати и послужете ја со подготвеното месо.

На здравје!

Сподели: