Ова е еден од најубавите специјалитети кој традиционално се приготвува во Македонија. Познато е како селско тавче или селско месо, а се прави со кромид, свинско месо, свежи или маринирани шампињони, суви црвени пиперки и рендан кашкавал по желба.
За подготовката најдобро е да користите свежо свинско месо – удина кое и при пржењето ќе остане меко и сочно. Изборот на квалитетни состојки е клучен за совршено вкусно јадење, а кога сме кај свежото свинско месо ги препорачуваме Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.

Состојки:
- 500 г свинско месо (удина) од Агриа
- 300 г печурки
- 300 г кашкавал
- 4-5 суви црвени пиперки
- мешан сув зачин, ситно сечкан магдонос, црн пипер
- 2 главици кромид
- масло по потреба.
Подготовка:
- Месото исечете го на парчиња. Пропржете го со малку масло во нелеплива тава од сите страни.
- Кромидот ситно исечкајте го. Шампињоните исечете ги на листови или четвртинки. Пиперките исечете ги на ленти со ширина од 1 см.
- Во поголема нелеплива тава ставете масло да се загрева. Во загреаното масло ставете го кромидот кратко да се пропржи, а потоа додајте ги печурките. Пропржете и додајте го сувите пиперки. Зеленчуците пржете ги додека испари течноста во тавата.
- Во тавата додајте го пропрженото месо. Добро измешајте и пропржете 2-3 минути. Зачинете со мешан зачин, мелен црн пипер и магдонос.
- Смесата ставете ја во земјена тава. Изрендајте кашкавал. Печете во загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот се растопи и зарумени. Печеното селско месо оставете го кратко да се излади и послужете го додека е топло. На здравје!
Викендот искористете го и направете го овој специјалитет, а за сите прашања околу подготовката, пишете ни. Штом го направите, ќе ни биде мило да го споделите вашето мислење и фотографија во групата Сѐ за храна. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 кулинарски трикови за повкусно месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.