Пролетта е тука и мами за вкусни дружби! Па, сакате ли совршено вкусен рецепт? – На вистинското место сте! Направете си печени свински ребра со пиво, цело друштво ќе ги обожава. Сигурни сме, откако ќе ги пробате често ќе бидат на вашата трпеза.
Имаат одличен вкус, а може да ги послужите со гарнир или свежа салата по избор. Па, ако немате идеја што вкусно да подготвите денес, пробајте ги, нема да згрешите!
Состојки:
За маринада:
- сок од 1 лимон
- 2 лажички мед
- 1 лажица сенф
- 1 лажица кечап
- 2 лажици соја сос
За прелив:
- 50 мл пиво.
Подготовка:
- Свинските ребра исечете ги на парчиња.
- Во сад измешајте ги исцедениот сок од лимон, медот, сенфот, кечапот и соја сосот.
- Ребрата ставете ги во сад и прелијте ги со маринадата. Убаво измешајте ги, покријте ги со најлонска фолија и оставете ги да отстојат.
- Во тава за печење наредете ги маринираните свински ребра и прелијте ги со пиво. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 60 минути.
- Потоа извадете ја фолијата, свртете ги ребрата и вратете ги во рерната додека добијат убава боја.
- Готовите свински ребра послужете ги со гарнир или салата по избор. На здравје!
Наша препорака:
Ако сакате да направите печени ребра од кои коската сама се одвојува, а месото е сочно и вкусно, важно е да користите квалитетно свинско месо. На тој начин маринадата полесно ќе се впие во месото, ќе има подобар квалитет, а и вкусот ќе биде подобар. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите Агриа. Во месарниците на Агриа, Рамстор и Тинекс маркетите може да најдете свежи свински ребра, како и свински кременадли, каре, бут, плешка, врат… од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, и работат по принципот „од нива до трпеза“. Секогаш свежо и со премиум квалитет!
Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите печени свински ребра со совршен вкус?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.