Овие мали солени рафаело бомбици се идеални за мезе и различни свечени прилики како роденден, куќна слава, веридба или именден. Рецептот е од Клара, а толку се вкусни, што веднаш исчезнуваат од чиниите.
На љубителите на млечни вкусови сигурни сме дека ќе им се допадне овој солен рецепт со рендано сирење, павлака, рендан кашкавал и пармезан. Комбинацијата на состојките наведени во рецептот ветува одличен вкус и супер мезе за убави дружења со семејството и пријателите.

Состојки:
- 300 гр рендано (или ситно дробено) сирење
- 100 мл кисела павлака
- 100 гр толчени (ситно сецкани или крупно мелени) кикиритки
- 150 гр ситно сецкана шунка или салама по избор
- 100 гр рендан кашкавал
- ситен пармезан за посипување.
Подготовка:
- Сирењето ставете го чинија и издробете го. Доколку е поцврсто, може да го изрендате.
- Кикирите источете ги, по желба може ситно да ги исечкате или крупно да ги сомелите на мелница за јаткасти плодови.
- Шунковата салама ситно исечкајте ја.
- Кашкавалот изрендајте го.
- Сите состојките ставете ги во длабок сад и добро измешајте ги.
- Оставете ја смесата во фрижидер околу половина час, а потоа обликувајте ситни бомбици кои ќе ги извалкате во ситен пармезан или пак ќе ги поставите во хартиени корпиња и потоа одозгора ќе ги поросите со него. Готовите солени рафаело топчиња чувајте ги во фрижидер до служењето. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Солени бомбици со компири.