Сочен колач со банана и лешници 1

Сочен колач со банана и лешници

Од оние што го пробаа потврдивме дека е многу вкусен и неодолив за цело друштво! Не е тежок за правење и тоа само уште повеќе ја подигнува оценката на овој сочен колач со банана и лешници! За уживање е во секој смисол. Предлогот ни доаѓа од кујната на Катерина и вреди да се проба некогаш! 🙂

Може да ве интересира: Посен брз двобоен колач со какао.

Сочен колач со банана и лешници 2

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 гр пченично брашно
  • 100 гр интегрално оризово брашно
  • 70 гр путер
  • 190 гр кафеав шеќер
  • 125 гр цврст јогурт (кисело млеко)
  • 100 мл вода
  • 1 банана
  • 50 гр мелени лешници
  • 1 кесичка прашок за печиво

За посипување:

  • шеќер во прав по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење, изматете ги пенесто јајцата заедно со шеќерот.
  2. Додајте го растопениот путер, јогуртот, водата и матете кратко со најмалата брзина на миксерот.
  3. Измешајте ги двата вида брашно и печивото и додајте ги во изматената смеса, а потоа измешајте со жица за матење.
  4. На крај, додајте ја испасираната банана и лешниците. Убаво измешајте.
  5. Смесата турете ја во правоаголен калап за векна кој претходно сте го обложиле со хартија за печење или сте го намрзиле.
  6. Печете на 180 степени, за време од 40 минути.
  7. Испечениот и изладен колач посипете го со шеќер во прав и сервирајте го. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна колач торта со какао и кафе.

Сподели: