Посен брз двобоен колач со какао

Сликата кажува се, нели? Благодарение на Катерина, сега имаме уште еден рецепт за посен и сочен десерт. Послужен со кафе, посниот брз двобоен колач со какао е идеален за средби со пријателите или засладување за време на пости. 

За да го направите потребни се само неколку едноставни состојки и малку време за да приготвување. Едноставно речено, вреди да се проба.

посен колач со какао

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 250 мл топла вода
  • 150 гр шеќер во прав
  • 40 мл пченкарно масло (во замена може да користите и друго масло)
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици рогач
  • прстофат сол.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги водата и маслото.
  2. Во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот во прав и прашокот за печивото.
  3. Во садот со сувите состојки постепено мешајќи со жица додајте ја мешавината од вода и масло.
  4. На крај додајте прстофат сол и убаво измешајте.
  5. Поделете ја смесата на 2 дела. Во едниот дел додајте го какаото и рогачот.
  6. Во калап за леб ставете ја најпрвин белата смеса. Одозгора ставете ја темната смеса со какао и рогач и благо со виљушка промешајте.
  7. Печете на 180 степени 30 минути. Откако колачот ќе се испече, оставете го убаво да се излади. Бидејќи колачот не е многу благ по желба може да си го посипете со шеќер во прав.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Посен колач со суво овошје.

Сподели: