Кои витамини и минерали ја продолжуваат младоста 1

Стоп за стареењето! Кои витамини и минерали ја продолжуваат младоста?

Некои витамини и минерали се посебно делотворни и ја зајакнуваат кожата и косата, како и целокупното зачувување на младоста и енергијата на телото. Сигурно е дека никој не може да остане вечно млад, но ако добро се храните и редовно ја негувате надворешно кожата на лицето, ќе бидете младолики и убави што подолго.

Секој витамин и минерал има своја функција во организмот, а наша задача е да јадеме разновидна храна и богата со хранливи материи. Така, доколку сакате што подолго да се чувствувате витални и постојано како да сте во „најдобрите години“, што почесто уживајте во правилен избор на освежување. Прочитајте кои 6 напитоци со антиоксиданси ја чуваат младоста и кои придонесуваат за што помало изразување на надворешните знаци на стареење.

Кои витамини и минерали ја продолжуваат младоста 2

За што се потребни витамините и минералите?

Како витамини на убавината најпознати се витамините А, Е, Б2, Б5 и Д.

Витамините А, Ц и Е помагаат за кожата да биде поеластична, како и за подобро и побрзо да се одвива ревитализацијата на сврзното ткиво.

Селенот, витамините Ц и Е го успоруваат процесот на стареење. Витаминот Ц е важен за создавање на колагенот кој е клуч на вечната младост, а тука може да дознаете тука зошто витаминот Е се нарекува витамин на младоста. Витаминот Ц, исто така е значаен за регулирање на нивото на холестерол и за подобра отпорност на нервните клетки.

Витамините од Б групата, посебно Б1 и Б6 помагаат за подобро функционирање на нерниот систем, а витаминот Д и калиумот се потребни за пренос на нервните импулси.

Сулфурот е минерал на убавината и младоста, а исто така го успорува процесот на стареење.

Фосфорот е минерал на умот, тој ја подобрува менталната функција.

Магнезиумот, заедно со витамин Е ги зајакнуваат нервните клетки и на тој начин помагаат организмот да биде витален и млад.

Цинкот го подобрува протокот на нервните импулси.

Доколку сакате да си направите коктел за младост подгответе си од ананас, сливи и лешници. По желба може да додадете и кајсии. Применувајте исхрана без многу масти, што помалку бело брашно и рафиниран шеќер и не премногу зачини. Не заборавајте! Витамините и минералите кои помагаат во одржување на убавината, ќе делуваат потполно ако применувате здрав и урамнотежен начин на живот.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 витамини кои се борат против стареење.

Сподели: