Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината 2016 1

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината 2016

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, го одржавме првото предавање на тема „Подобра исхрана, подобар живот“ во Битола, се дружевме со средношколците и разговаравме за седечкиот начин на живот и исхраната, се дружевме и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за најдобар сајт 2016. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, па драги пријатели заедно е да го прославиме освноеното второ место на изборот на сајт на годината 2016.

Четврта година по ред Сѐ за храна е дел од победничките сајтови во Македонија. Прогласувањето на најдобрите македонски веб сајтови е манифестација на која Сѐ за храна учествува традиционално од нејзиното постоење, односно по четвти пат досега. Заедно со вас, добивме награди во 2013, 2014, 2015, а сега многу побројни го прославуваме и овогодинешното второ место.

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината 2016 2

Сајт на годината е манифестација на која по седми пат се избираа најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Истата беше организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Најсреќни сме кога секојдневната напорна работа е признаена од вас и ви порачуваме да верувате истрајно во она што го работите за да го остварите сонуваниот успех, а на сите кои нѐ поддржавте срдечно Ви заблагодаруваме!

Сподели: