Сѐ за храна со едукативно предавање 1

Сѐ за храна со едукативно предавање го одбележа Светскиот ден на храната

По повод Светскиот ден на храната, Сѐ за храна во соработка со Американското катче од Битола, одржаа едукативно предавање под мотото „Моето искуство: Како да јадеме здраво? – Нашите дејствија се наша иднина. Свет Без Глад до 2030 година е возможен”.

Предавањето се одржа на 16 Октомври, со почеток од 18:00 часот во просториите на Американското катче во Битола. Секоја година, на 16 октомври, го славиме Светскиот ден на храната и се фокусираме на тема што е во сржта на работата на ФАО и претставува клучно прашање кое влијае на нашиот свет. Темата за оваа година е посветена на Целта за одржлив развој 2 – Свет без Глад (Zero Hunger) коja не само што се фокусира на искоренување на гладот во светот, туку и на постигнување на подобра исхрана и одржливо земјоделство.

Сѐ за храна со едукативно предавање 2 Сѐ за храна со едукативно предавање 3 Сѐ за храна со едукативно предавање 4

Предавањето беше поддржано со производи од здравата палета на Витаминка.

Сѐ за храна со едукативно предавање 6

Според проценките на ФАО, светот произведува доволно храна за да се нахранат сите, сепак повеќе од 820 милиони луѓе (едно од деветмина) во светот страдаат од хронична неисхранетост. Во исто време, една третина од храната произведена низ целиот свет се губи или фрла. Глобалните трошоци за отпад од храна се околу 2,6 трилиони долари годишно, вклучувајќи ги и трошоците од негативните влијанија врз животната средина и општеството.

Конфликтот, климатските промени и забавениот економски напредок попречуваат во борбата против гладот, а во исто време трендот на прекумерна телесна тежина и дебелина се зголемува. Може да се постигне Свет Без Глад – крај на гладот, неисхранетоста, неправилната исхрана – ако владите, локалните власти, приватниот сектор, граѓанското општество, производителите на храна и младите луѓе – заедно дејствуваат.

Низ Македонија се одржаа повеќе настани за одбележување на Денот на храната. Во Скопје по повод Светскиот ден на храната, вчера Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ООУ „Аврам Писевски” и граѓанските организации „Слоу Фуд Водно” и „Ајде Македонија” организираа настан под мотото “Нашите дејствија се наша иднина. Свет Без Глад до 2030 година е возможен”.

Сподели: