Труењето со храна е често во текот на летото, затоа што тропските горештини придонесуваат зголемен развој на микроорганизмите и побрзо расипување на намирниците. Најважна работа која секој од нас може да ја практикува, со цел да спречи труење со храна е правилната хигиена при чување, приготување и служење на јадењата.
Што треба да направите за да се спречите труење со храна во летниот период?
Во летните месеци, особено во услови на тропски температури, неопходно е да се води сметка за зголемена лична како и хигиена при приготвување на храна. Овој период треба да се избегнува консумација на сурова храна од животинско потекло и да се внимава со морските плодови.
Актуелните временски услови го поттикнуваат развојот на опасни микроорганизми кои може да предизвикаат алиментарни интоксикации, односно труење со храна. Овие микроорганизми може да се најдат во земјата, на нашите раце, кај домашните миленици, но и на сите други површини.
Внимавајте при купување на храната
При купување на храна важно е да изберете од регистрирани објекти и одобрени продавачи. И покрај тоа секогаш обрнете внимание на декларацијата и рокот на употреба на храната. Исто така, важно е да ги знаете овие топ 5 совети кои треба да ги знаете при купување на свежа риба.
Хигиената на садовите за готвење и даските за сечкање на храна мора да биде на високо ниво
Многу е важна хигиената, односно задолжително миење на рацете после тоалет, а садовите за готвење, работните површини, даските за сечкање мора да бидат добро измиени и многу чисти. Особено треба да се внимава при готвењето со сурово месо и зеленчук. Даките на кои се сече сурово месо мора да бидат добро измени со врела вода и средство за садови, а покасно врз истата даска може да се сечка и зеленчукот.
Храната чувајте ја во различни садови во фрижидерот
Суровата храна, месото и зеленчукот треба да се чуваат во одделни садови во фрижидерот. Храната задолжително треба да се чува во фрижидер во летните месеци, а штом нешто се отвори, треба веднаш да се изеде. А ако пластичните садови имаат непријатен мирис, нема потреба да ги фрлате. Дознајте како може да го отстраните непријатниот мирис на пластичните садови.
Месото мора да биде добро приготвено
Овој период треба да избегнувате консумирање на било каква храна од животинско потекло. Млекото и млечните производи треба да бидат пастеризирани, а месото треба да биде добро испечено, варено или пржено за да се уништат сите микроорганизми кои може да се најдат во нив. Температурата на обработка треба да биде над 70 степени. Притоа избегнувајте ги 3 најчести грешки при подготовка на месо.
Приготвената храна не ја чувајте подолго од два часа на собна температура
Готовата храна не треба да ја чувате повеќе од два часа на собна температура. Истата треба да ја заштитите од инсекти, глодари и домашни миленици за да се спречи пренесувањето на некои болести.
Ви предлагаме да прочитате: Совети за правилно чување на храната во фрижидерот.