печурки за здравје

Топ 5 причини да јадете печурки

Освен што се вкусни и за миг можат да го збогатат секој ваш оброк, исклучително здравите печурки се многу хранлива намирница која би требало да се најде на вашата чинија.

Печурките се користат како храна и лек веќе илјадници години. Тие се едни од најздравите продукти во исхраната на човекот и се препорачува на вашето мени да се најдат барем три пати во неделата. Печурките во целина поседуваат многу важни својства корисни за здравјето. Најновите истражувања го потенцираат нивното анти-воспалително дејство, позитивното влијание за зајакнување на имунитетот, како и антиканцерогените својства.

pecurki

Печурките поради својот лековит состав поволно делуваат кај следниве болести и тегоби:

  • алцхајмерова болест
  • алергии
  • анемија
  • астма
  • депресија
  • дијабетес
  • за подобра концентрација и помнење
  • импотенција
  • јакнење на нервниот систем
  • лекување при некои видови рак
  • одржување на здрави крвни садови
  • остеопороза
  • подобрување на работата на органите за варење
  • проблеми со штитната жлезда
  • проблеми со лошиот холестерол и крвниот притисок,
  • проблеми со косата и кожата, со нервите, со коските и забите.
  • позитивно влијаат врз стресот.

Постојат голем број на причини за често да јадете печурки, а ние ги издвоивме најважните:

Печурките се одличен извор на витамини од групата Б, селен и бакар

Околу 90 грама печурки содржат 25% од препорачаните дневни дози за витамин Б2, 17% од ПДД за витамин Б3 и 13% ПДД за витамин Б5. Покрај тоа, печурките се одличен извор на минералите селен и бакар. Благодарение на поволниот состав, редовната консумација на печурки ја поттикнува работата на белите крвни зрнца, кои се важен дел од имуниот систем.

Содржат витамин Б12

Долго време се сметало дека единствен извор на витамин Б12 е храната од животинско потекло, но едно кинеско истражување потврдило дека овој витамин го има на површината на печурките.

Содржат антиоксиданси кои го намалуваат воспалението

Печурките имаат анти-воспалителен ефект. Денес се знае дека најшироко распространетите заболувања како дијабетес тип 2, кардиоваскуларните болести и ракот настануваат како резултат на воспаленија на клеточно ниво. Аминокиселината ерготеонин која ја има во печурките, заедно со селенот, манганот и цинкот, делуваат анти-воспалително. Освен тоа, тие помагаат и во заштита на крвните садови.

Делуваат антиканцерогено

Научните истражувања покажале дека печурките имаат својство да ги уништат клетките на ракот на простата и дојката. Ова својство на печурките посебно го истражиле кинеските научници. Тие содржат и полисахариди кои влијаат на имуниот систем, препознавање на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа. Без нормалното функционирање на имунолошкиот систем, нашето тело е изложено на ризик од секакви инфекции и болести.

Се препорачуваат во исхраната на дијабетичарите

Печурките имаат благотворно дејство на нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачуваат во исхраната кај лица кои имаат шеќерна болест.

Ви предлагаме да прочитате: Печени печурки со лук и мајчина душица.

Сподели: