Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, ви предлагаме да го пробате нашиот омилен и испробан рецепт за еден традиционално макало од пиперки со компири!
Го правеа нашите баби, мајки, а сега дојде и нашиот ред. Нив им се заблагодаруваме што нè научија, а ние уживајќи внесовме неколку мали измени за подобар квалитет на јадењето! Вкусот е многу добар, топло препорачуваме да го пробате!

Убавото во овој рецепт е што состојките, вкусот, количината, може да ги менувате секој пат во различен сооднос, да изоставите некоја по потреба или вкус и повторно да имате во чинијата нешто многу вкусно. Не одзема многу време и тоа го прави уште подобар. Состојките вообичаено ги имаме сите во домот, па еве како се прави.
Состојки:
- 10 зелени пиперки
- 2 средно големи компири
- 1-2 чешниња лук или лук во прав по вкус
- сол по вкус
- малку магдонос по желба
- Шарлаган ладно цедено сончогледово масло по потреба.
Подготовка:
- Започнете од компирите. Измијте ги, излупете ги и сварете ги. За побрзо варење може да ги исечете на кругови, а ако преферирате да ги варите со се лушпа, па така да ги лупите, можете слободно.
- Пиперките измијте ги и испечете ги. Оставете ги кратко да отстојат, а па излупете ги и издробете ги. По желба и ако сакате макалото да биде покремасто, може да ги истолчите.
- Потоа, компирите испасирајте ги и измешајте ги со претходно припремените пиперки.
- Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Или, по желба додајте лук во прав.
- Зачинете со сол и Шарлаган ладно цедено сончогледово масло по вкус, па убаво измешајте.
- Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го. Додајте го и лесно промешајте, а препорачуваме да го распоредите и по површината за декорација. Се јаде и со прибор, но највкусно е кога се мака. Па, земете топол леб, соберете го семејството и макањето може да започне, на здравје!

Совет плус: Лукот може да го изоставите ако сакате да ја нема неговата арома. Испробано вкусно е и на тој начин. Препорачуваме да го сервирате со сирење за прилог.
Ви препорачуваме да прочитате: Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе.
*Спонзориран рецепт.