Уживање за сите генерации! Ако ви останал багет од минатиот ден, направете лесен гурмански специјалитет. За малку време добијте крцкав багет со кашкавал и зачини.
Ви се пријаде нешто калорично, а немате желба за готвење и поминување драгоцено време во кујната? Ова е совршениот рецепт за вас. Сосема едноставен, од само неколку основни состојки, ова е рецептот со кој во никој случај не можете да погрешите.

Состојки:
- 1 француски багет (леб)
- 1 чешне лук, ситно сечкано
- 100 грама путер
- 1/3 чаша рендан кашкавал
- 3 лажици свежи зачини, ситно сечкани (магдонос и рузмарин).
Подготовка:
- Рерната загрејте ја на 180 степени.
- Со помош на нож, засечете го францускиот багет на неколку места.
- Лукот и зачините ситно исечкајте ги.
- Во сад ставете го омекнатиот путер, ренданиот кашкавал, ситно сечканите зачини и лукот. Измешајте ги убаво за да се добие хомогена смеса.
- Во засечените парчиња од лебот ставете од смесата со зачини и путер.
- Багетот свиткајте го со алуминиумска фолија и ставете го да се пече во загреаната рерна за време од 15 минути.
- Печениот француски багет со кашкавал и зачини послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Крцкав леб со кашкавал.