Хроно лепчиња со семиња 1

Хроно лепчиња со семиња

Штом ги здогледавме, знаевме дека тоа е љубов на прв поглед! Прекрасно изгледаат, Невена одлично ги дотерала! Овие хроно лепчиња се одлични за сите нас, мора да се пробаат!

Невена ни кажа дека овие се едни од нејзините најомилени хронолебчиња. Бидејќи има многумина кои го практикуваат овој режим на исхрана и често ги прават и јадат, посакавме да ги пробаме и ние. Здраво и вкусно, па еве го рецептот!

Хроно лепчиња со семиња 2

Состојки:

  • 250 г ржано брашно
  • 100 г овесно брашно
  • 100 г хељдино брашно
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2-3 лажици сок од исцеден лимон
  • околу 400-450 мл топла вода
  • мешани семиња по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад се ставаат сите состојки освен водата.
  2. Водата се додава постепено, смесата се меша со лажица додека не се добие меко лепливо тесто.
  3. Со навлажнати раце се зема од тестото и се прават топчиња, тие малку се плескаат како за ќофтиња.
  4. Топчињата од едната страна се ставаат во мешавината од семиња и се редат на плех обложен со хартија за печење.
  5. Се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солени стапчиња со сусам и ким (хроно).

Сподели: