Супер на лик, здраво за јадење, вегетаријанско и многу вкусно! Често подготвуваме слични рецепти, а овој пат се одлучивме за свежиот вкус на симпатичните чамци од тиквички со зеленчук.
Летото е одлично затоа што нуди безброј можности за кулинарска креативност. Пробајте и вие нешто поразлично.

Состојки:
- 3-4 млади тиквички
- 400 гр шампињони
- 1 шолја ориз
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- 2 чешниња лук
- сол и црн пипер по потреба
- 1 чаша бело вино
- неколку кришки кашкавал
- неколку црни маслинки по вкус
- магдонос или босилен по желба.
Подготовка:
- Тиквичките измијте ги и пресечете ги на половина по должина и издлабете ја средината.
- Во тава со малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, лукот, морковите исечкани на коцки, исечканите шампињони, средината од длабењето на тиквичката и оризот. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
- Турете вода по потреба и додајте во белото вино.
- Гответе на тивка температура околу 10 минути додека испари вишокот од течноста.
- Тиквичките наполнете ги со подготвениот фил и наредете ги во плех за печење. Во плехот турете малку вода, а најгоре на тиквичките наредете кругови маслинка без коска и од кришките кашкавал. Ставете да се печи во претходно загреана рерна за време од 15 до 20 минути, додека кашкавалот се стопи.
- Свежиот магдонос или босилек ситно исечкајте ги и поросете со нив. Јадењето добро одговара со свежи или малку продинстани доматчиња, па препорачуваме да послужите така. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Полнети тиквички со зеленчук (посно јадење).