Полнети тиквички со зеленчук (посно јадење) 1

Полнети тиквички со зеленчук (посно јадење)

Во топлите летни денови, како и во деновите на пости, на сите ни недостига по некој нов интересен рецепт за промена во летното мени. Од тие причини, избравме да споделиме со вас еден многу лесен, вкусен и посен рецепт за  полнети тиквички со зеленчук.

Во врска со подготовката Невена ни даде совет кој ќе помогне за јадењето да биде што повкусно.  Таа ни кажа „Тиквичките што ќе ги изберите е најдобро да бидат помали и помлади за да имаат помалку семки. Количината и големината на зеленчукот изберете го самите според вашите потреби.“

Полнети тиквички со зеленчук (посно јадење) 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги и исечете ги на половина по должина.
  2. Со помош на лажица извадете ја средината и тргнете ја на страна за подоцна.
  3. Наредете ги во тава намачкана со масло, посолете ги со малку сол и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, за време од околу 20 минути.
  4. Додека се печат подгответе го филот.
  5. Кромидот и пиперката исечкајте ги и пропржете ги во 5-6 лажици масло.
  6. Потоа додајте ја средината од тиквичките и доматот, исечкани на помали парченца. Пржете ги со повремено мешање за да омекнат.
  7. Во тавата додајте ги и ливчиња босилек и сол по вкус, па тргнете ја настрана од огнот.
  8. Тиквичките извадете ги од рерната и наполнете ги со зеленчукот.
  9. Потоа, вратете ги во рерна да се печат уште 20-тина минути.
  10. На крајот, извадете ги, посипете со малку кашкавал и пак вратете ги за да се стопи кашкавалот. Вака подготвените тиквички послужете ги како посно главно јадење со некоја свежа салата или како прилог на рибини прсти, риба или месо.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни пржени тиквички со прелив од лук.

Сподели: