Доколку и вас ве мачи лоша циркулација, погледнете го нашиот денешен предлог за чај од коприва за добра периферна циркулација! Освен што го подобрува протокот на крвта во екстремитетите, а и го ослободува телото од вишокот на течности.
Добрата циркулација е важна за здраво срце. Кога крвта слободно струи, не се појавуваат отоци и проширени вени на нозете, а лицето изгледа здраво и активно. Исхраната и физичката активност во голема мера влијаат за добра циркулација, но за таа намена секако може да помогнат и билните чаеви.
Како да подготвите чај од коприва кој ја подобрува лошата циркулација?
Некои студии покажаа дека чајот од коприва може да им помогне на лицата со слаба циркулација. Копривата има благ диуретички ефект и го стимулира ослободувањето на вишокот течности од телото. Овој чудотворен напиток од природата се покажал посебно ефикасен кај лицата кои често имаат проблеми со циркулацијата на крвта во рацете и стапалата (периферната циркулација), а поради тоа секогаш се соочуваат со непријатно ладни екстремитети. Притоа, секојдневната консумација на чај од коприва може да помогне да се спречи задржувањето на вишок течности во организмот.
Состојки:
- ½ чаша суви листови од коприва или 3-4 филтер кесички чај од коприва
- 2 чаши вода
Подготовка:
- Во огноотпорен сад ставете ги ливчињата сува коприва или кесичките чај и прелијте ги со 2 чаши вода.
- Садот ставете го на оган додека водата дојде до точка до пред вриење, па тргнете го од ринглата и оставете го чајот да се лади.
- Чајот од коприва за подобрување на циркулација може да го направите појак така што ќе ја оставите копривата во врелата вода подолго време (околу 30 минути).
- На крај, чајот процедете ја течноста од листовите или тргнете ги филтер кесичките. Пијте по 1 -2 шолји на ден.
Ви препорачуваме да прочитате: 11 намирници кои ја подобруваат циркулацијата на крвта.