Она што е вкусно никогаш не излегува од мода, таков е и овој чоколаден посен куглоф! Лесен фантастичен вкус кој ќе сакате што побрзо да го пробате повторно!
Нашата пријателка од Бугарија редовно ни предлага интересни рецепти, а сите нив може да ги најдеме на нејзиниот блог trydiani. Овој чоколаден и посен куглоф најмногу ќе го обожаваат љубителите на лесна и посна храна, а сите останати веруваме исто така. Уживајте во неговиот неодолив чоколаден вкус. Ние обично го сервираме со шолјичка кафе и чаша вода, пробајте и вие, сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:
- 1½ чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- 1/4 чаша какао
- 1 мала лажичка сода бикарбона
- 1/2 мала лажичка сол
- 1/3 чаша масло
- 1 кесичка ванилин шеќер
- цимет (канела) по желба
- 1 филџан варено кафе
- 1 мала лажичка кафе
- 1/4 филџан кандирани корички од цитрусно овошје (може и рендана кора од лимон, портокал).
Подготовка:
- Во длабок сад се ставаат брашното, солта, содата, какаото, лажичката кафе, шеќерот, циметот и ванилиниот шеќер. Состојките се мешааат.
- Во садот се додаваат кафето и маслото. Добро се меша за да се добие хомогена смеса.
- Во садот се додаваат и канидраните кори.
- Сместата се става во силиконски калап за куглоф (може да користите и намрсен калап за куглоф) и се пече на температура од 200 степени.