Веќе некое време е хит на различните светски портали за храна, а тоа не е ни чудно со оглед на вкусот и леснотијата со која се припрема! Направете си и вие шакшук – тава од зеленчук и имајте малку поинаков и многу вкусен појадок од обично!
Овој испробан рецепт го најдовме на блогот на Лана и со задоволство го споделуваме со сите вас.

Состојки:
*за 2 лица
- 1 помала главица кромид
- 1 црвена пиперка
- 200 гр домати
- 1 чешне лук
- сол и црн пипер по вкус
- малку лута ситна пипер по желба
- ким по желба
- 2 јајца
- листови од магдонос.
Подготовка:
- Во тава со малку масло пропржете ги ситно сечканите лук и кромид.
- Потоа, додајте ја пиперката исечкана на ситни коцки и пропржете уште неколку минути.
- Додајте го доматот, претходно исечкан на коцки и динстајте додека сосот се згусне.
- Посолете и додајте црн пипер по вкус. Ако сакате да додадете ким и лута пипер, сега е добро време.
- Со помош на лажица направете вдлабнатина во средината на сосот и додајте ги јајцата. Може да ги разбиете или да ги оставите цели.
- Поклопете со капак и динстајте уште 10-тина минути додека јајцата се готови.
- Посипете со сечкан магдонос и послужете додека е топло во комбинација со печен леб. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Струмичка зеленчукова тава – Имам бајалди.