Дали ви се случило да донесувате одлуки на „своја рака“ без да се консултирате со доктор? Денес често слушаме за алегрија или сензитивност на глутен, а голем број луѓе не се добро информирани кои се знаците, односно симптомите кои укажуваат на негова нетолерантност од организмот.
Глутенот е протеин кој се среќава во група житни растенија, како што се пченица, ‘рж, јачмен, а неговата улога е да и помогне на храната да ја задржи својата форма, заради што често се опишува како леплива растеглива материја. Сензитивноста на глутен е дефинирана како повлекување на симптомите по елиминирање на храната која го содржи глутенот.

Еве кои показатели можат да ви помогнат да препознаете дали вашиот организам е чувствителен на глутен:
- Хронични гастроинтестинални симптоми. Тоа вклучува тешка или рекурентна дијареа, губење на телесна тежина, абдоминална дистензија и надуеност.
- Дефицит на железо, фолати или витамин Б12. Бидејќи не третирањето на оваа состојба може да доведе до влошување и прогресивно однесување на целијачната болест, а со тоа и оштетување на одредени делови од интестиналниот систем каде се врши абсорпција на овие материи, нивниот дефицит укажува на можно постоење на болеста.
- Фамилијарна историја. Дури и кога се чувствуваат асимптоматски, најблиските роднини од прво „колено“ треба да се тестираат на сензитивност на глутен и да знаат дали се предиспонирани на целијачна болест или сензитивност на глутен, доколку е веќе дијагностицирана кај близок член од семејството.
Голем број луѓе присвојуваат навики на самодијагноза и без да се сигурни во однесувањето на својот организам се одрекуваат од одредена храна, навики и слично. Дополнително повелете 10 знаци кои укажуваат на интолеранција на глутен, прочитајте ги и доколку забележите дека хронично се појавуваат некои од наведените показатели, најдобро е да посетите лекар и да се консултирате за дијагнозата, лекувањето и исхраната.