Околу консумирањето на јајца секогаш постои некаква неодумица и контраверзии. Додека едни тврдат дека се здрави, други предупредуваат дека се добра храна само доколку се консумираат умерено. Па, споделуваме одговори за некои од најчести дилеми кои се однесуваат на тоа дали е подобро да се јадат цели јајца или само белката.
Една од најголемите неодумици кога се во прашање јајцата, е секако онаа која се поврзува со поделбата на јајцето на жолчка и белка и дали е добро да се јаде цело или пак да се се јаде повеќе белка. Жолчките со децении ги бие лош глас, бидејќи нивната консумација се поврзува со деблеењето и болестите на срцето, но тоа е секако далеку од вистината. Нутриционистите тврдат дека јајцата се многу хранливи и дека на вашиот организам ќе му скратите мноштво од нутриенти ако се одречете од консумирањето на жолчки. Во продожение прочитајте неколку причини поради кои би требало да јадете исклучиво цели јајца.

Белките имаат пониска нутритивна вредност
Ако се одлучите да консумирате исклучиво само белка, може да го доведете организмот во состојба на недостаток на биотин. Белката содржи авидин, супстанција која се врзува за биотинот. Па така, доколку не консумирате и жолчка, авидинот од белката ќе се врзе за биотинот од организмот со што може да доведе до недостаток на истиот.
Жолчките се богати со многу нутритивни материи
Не само што се богати со витамини од Б групата, омега 3 масни киселини, витамин Д и протеини, жолчките се богати и со амино киселини кои на организмот му се неопходни за одржување на нормален хормонален баланас.
Може да ве интересира: 5 причини да јадете жолчки од јајца.
Жолчките не го покачуваат холестеролот
Овој мит е целосно неточен, иако многумина сеуште веруваат во него. Научно е докажано дека една или две жолчки не влијаат на нивото на холестеролот во крвта. British Medical Journal докажал дека консумирањето на жолчката не е поврзана со зголемен ризик од мозочен удар или срцеви заболувања.
Целото јајце не влијае на покачување на телесната тежина
На јајцето треба да гледате како на природна намирница во која се наоѓаат сите здрави хранливи состојки и нема никаква причина да се плашите да го консумирате цело. Единствено што е важно е секогаш да купувате свежи, пастеризирани, органски јајца за кои е докажано дека имаат за 1/3 помалце холестерол, за 2/3 повеќе витамин А, за ¼ помалку заситени масти, а се богати со бета каротен и омега 3 масни киселини. Од друга страна, ако пак имате покачен холестерол секогаш треба да се консултирате со вашиот доктор околу количината на јајца која смеете да ја консумирате во текот на неделата и да се држите до добро познатата препорака „Сѐшто е претерано не чини!“.
Ви препорачуваме да прочитате: Јајца – чувари на видот, кожата и косата.