интолеранција на глутен 1

Што може да помогне при интолеранција на глутен?

Имате гасови, надуеност, болки во горниот дел на стомакот, чувство на недоволна испразнетост на цревата, дијареја или запек после консумирање на оброк со житарици? – Можеби станува збор за интолеранција на глутен. Зошто кај некои лица дигестивниот систем не може да го свари глутенот и што може да им помогне, дознајте од текстот кој го подготвивме.

Глутен е заедничкото име на група протеини кои се наоѓаат во житариците. Протеините кои го сочинуваат глутенот се глијадин и глутенин. Глутенот е важен за прехранбената индустрија од аспект на квалитет на тестата за леб и печива затоа што прави да бидат еластични. И од здравствен аспект не треба да се занемарува, односно оние кои ги немаат претходно спомнатите симптоми пожелно е да го имаат во секојдневната исхрана. А, лицата кои се осетливи на глутен најдобро е да избегнуваат храна која го содржи овој протеин.

6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем 3

Зошто настанува интолеранција на глутен?

Глутенот е протеин тежок за дигестија. За варење на овој протеин потребни се протеолитички ензими кои природно организмот сам ги создава. Меѓутоа, кај некои луѓе производството на овие ензими не е доволно за дигестија на глутенот или се намалува со текот на годините. Несварениот глутен може да го активира имуниот систем на цревата, што може да доведе до автоимун одговор на организмот, алергија, осетливост или оштетување на слузокожата на цревата. Доколку дигестивниот систем не е во можност да ја свари храната која содржи глутен, се појавуват симптомите на надуеност, болки во стомакот, дијареја…

Има два начини да го решите проблемот со интолеранција на глутен

Ако сепак постои сомнеж дека сте преосетливи на глутен, постојат две решенија. Едното е да ја промените исхраната со избор на безглутенска храна. Ваквата храна треба да биде јасно обележана и на амбалажата да пишува дека не содржи глутен. Другото решение е да заедно со храната која содржи глутен користите ензими кои го помагаат варењето на овој протеин и на тој начин не треба да се воздржувате од некои намирници. Доколку имате стомачни проблеми при консумација на храна која содржи глутен препорачуваме да направите тест за интолеранција и да се консултирате со лекар и нутриционист.

Храна која може да се зема и храна која треба да се избегнува

Храна која не содржи глутен:

  • овошје
  • зеленчук
  • јаткасти плодови
  • сите видови месо
  • риба и морски плодови
  • сите видови јајца
  • млеко и млечни производи
  • мешунки
  • киноа
  • ориз
  • пченка
  • просо
  • хељда
  • црно чоколадо.

Храна која треба да се избегнува:

  • сите видови брашно (освен ако не е обележано дека не содржи глутен)
  • спелта
  • јачмен
  • леб од сите видови брашно
  • тестенини
  • пиво
  • колачи
  • пити
  • производи од тесто
  • бисквити
  • инстант супи
  • сувомеснати производи.

Кои додатоци во храната богати со ензими кои ја помагаат дигестијата на глутенот?

За најдобро варење на храната која содржи глутен, ви го препорачуваме NOW Gluten Digest. Gluten Digest е сеопфатна ензимска мешавина формулирана за поддршка на комплетната дигестија на житните зрна. Вклучува протеази и амилази кои делуваат на други протеини и јагленохидратни компоненти кои обично се присутни во житната храна. Производот содржи повеќе протеази со разновидна специфичност за оптимално варење на протеините. Gluten Digest е ефикасен додаток кој може да помогне при гасови, надуеност, дијареја и запек. NOW FOODS Gluten Digest е создаден за да обезбеди дигестивна поддршка за лица кои имаат потешкотии со варење на храна што содржи глутен, како резултат на недостаток на цревните ензими одговорни за разложување на глутенските пептиди.

Предупредување: Само за возрасни. Ако имате целијакија, користете само под надзор на вашиот лекар. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба.

Повеќе за Gluten Digest дознајте на онлајн продавницата на Тримекс од каде може и да го нарачате. Доставата е бесплатна, а производот може да го најдете и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: