пита со нутела ѕвезда

Декоративна пита со нутела во вид на ѕвезда

Може да кажеме дека ова е еден од најубавите десерти кои сме ги сретнале на интернет, а се идеални за време на празниците кои следуваат. Оваа пита со нутела во вид на ѕвезда има многу декоративен изглед, а сигурни сме дека ќе ве воодушеват вкусот на чоколадо, лешници и мирисот на потпечено лепче.

Наместо да правите комплицирани десерти, ви предлагаме да ја послужите оваа слатка пита со нутела кое е одличен предлог за појадок или вечера.

Состојки:

  • 450 грама брашно и дополнително 50 грама за попрскување
  • 2 јајца
  • 70 грама шеќер
  • 180 мл млеко
  • 30 грама путер
  • 1 пакетче сув квасец (може да користите и свеж квасец)
  • нутела.

Подготовка:

  1. Млекото кратко време загрејте го. Во загреаното млеко додајте го сувиот квасец, една мала лажичка шеќер и една мала лажичка брашно. Измешајте ги сите состојки и оставете го квасецот да нарасне.
  2. Во сад за месење ставете го брашното.
  3. Жолчките одвојте ги од белките. Постапката за најлесно одвојување на жолчки од белки, прочитајте ја тука.
  4. Во садот за месење додајте ги жолчките, преостанатиот шеќер, квасецот и путерот. Измесете ја добро смесата, за да добиете меко тесто.
  5. Садот прекријте го со фолија или кујнска крпа и оставете го на топло место, додека тестото нарасне двојно за време од 40 минути.
  6. Нараснатото тесто поделете го на 4 делови. Од секој дел расукајте кора со дијаметар 25 см. Првата кора ставете ја во тава обложена со хартија за печење. Кората премачкајте ја со нутела, а притоа внимавајте да оставете 1 см од краевите без крем. Врз кремот, ставете ја втората кора, премачкајте ја со нутела. Постапката повторете ја и со третата кора. Врз третата кора, ставете ја четвртата исукана кора.
  7. Со помош на нож, расечете ја питата на 16 делови како што е прикажано на видетото. Следете ги инструкциите и лесно формирајте ѕвезда.
  8. Питата премачкајте белка и печете ја во загреана рерна на 180 степени за време од 15 до 20 минути. На здравје!

Сподели: