Пита од бајат леб и мелено месо

Пита од бајат леб и мелено месо

Ви останал леб од претходниот ден? – Имаме одличен предлог како да го искористите. Направете супер вкусна пита од бајат леб со мелено месо. Наместо пржени лепчиња или омлет кои обично се јадат за појадок, сега пробајте различен оброк од слични состојки. Се што треба да направите е да додадете месо и кашкавал и ќе добиете пита која сите во домот ќе ја обожаваат.

А ако не знаете од каде да набавите свежо мелено месо, ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Во нивните месарници може да најдете свежо свинско и говедско месо, мелено месо, сувомеснати производи од нивно, домашно производство. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Свежото свинско месо може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Пита од бајат леб и мелено месо

Состојки:

Подготовка:

  1. Путерот растопете го на пониска температура, а кашкавалот изрендајте го и оставете го во посебен сад.
  2. Лебот исечкајте го на тенки парчиња. Парчињата наредете ги во тава премачкана со растопениот путер. Одозгора премачкајте ги со преостанатиот растопен путер.
  3. Меленото месо ставете го во подлабок сад. Додајте 2 јајца, зачини по желба, 200 г рендан кашкавал и 150 мл млеко. Убаво измешајте за состојките да се соединат.
  4. Смесата со мелено месо ставете ја врз парчињата леб и убаво распоредете ја.
  5. Преостанатите јајца изматете ги со виљушка и ставете сол и црн пипер по вкус. Изматените јајца прелијте ги врз месото.
  6. Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 190 степени и печете околу 25 минути.
  7. Доматот исечкајте го на тенки кругови и наредете ги врз питата. Одозгора ставете го преостанатиот кашкавал и вратете ја тавата во рерна. Печете уште 10 минути.
  8. Готовата пита од бајат леб и мелено месо по желба, послужете ја со домашно кисело млеко. На здравје!
мелено месо Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Гулаш на американски начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: