Здраво посно рижото со куркума и лимон 1

Здраво посно рижото со куркума и лимон

Обожаваме рецепти кои се вкусни и здрави, такво е нашето посно рижото со куркума и лимон! Лесно за правење, уште полесно за јадење и полно со корисни состојки!

Ова јадење можете да го јадете посебно или да го послужите како прилог со месо или печурки. Има повеќе причини, зошто е добро да го направите, па еве неколку информации околу тоа.

Како резултат на антивоспалителните карактеристики, куркумата може да се нарече чудо од природата. Има поволно влијание врз работата на мозокот и срцето, го стимулира имунолошкиот систем, се препорачува при кожни заболувања. Повеќе за нејзината корист може да прочитате тука.

Лимонот пак, го зајакнува имунитетот и му помага на организмот да се избори со вирусите и бактериите. Цитратната киселина и витаминот Ц во неговиот состав имаат антибактериско дејство и можат да помогнат и при воспаление на грлото. Има најмалку 10 причини поради кои лимонот се нарекува супер храна, еве кои.

Здраво посно рижото со куркума и лимон 2

Состојки:

  • 8 полни лажици ориз (1 чаша)
  • 1 лажица куркума
  • 4 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • цеден сок и кора од 1/2 лимон
  • 200 гр печурки
  • сол, црн пипер, суви зачини по вкус.

Подготовка:

  1. Оризот измијте го 2-3 пати во ладна вода, а потоа ставете го да се вари во вода која врие. Количината на вода треба да биде во сооднос 1:3, односно, на 1 шолја ориз одговараат 3 шолји вода.
  2. Пред крајот додајте ја куркумата, посолете, додајте црн пипер и сувите зачини по желба.
  3. Сварениот ориз тргнете го од оган, покријте го и оставете го на страна.
  4. Кромидот ситно исечкајте го и запржете го во маслото.
  5. Додајте ги и ситно исечканите печурки, па динстајте додека испари поголемиот дел од сокот кој го пуштаат печурките.
  6. Измешајте ги претходно сварениот ориз со зачините и додајте го цедениот сок од лимон и малку од ренданара кора.
  7. Добро промешајте и сервирајте. Предлагаме да декорирате со неколку ливчиња магдонос и да послужите салата од морков или динстани моркови. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посен ориз со спанаќ.

Сподели: