јадење во доцни часови

Зошто навечер јадеме повеќе?

Храната која ја јадеме навечер не предизвикува исто чувство како и храната која ја јадеме во текот на денот. Оваа констатација е резултат од едно ново истражување. Со помош на магнетна резонанса беа измерени реакциите на мозокот при гледање на храна.

Најчесто, постојат две причини за тоа зошто луѓето избираат грицкање во доцните вечерни часови. Некои навистина чувствуваат глад, а кај други тоа навика од која никако не можат да се ослободат.

јадење навечер

Што велат истражувањата за јадењето во доцните вечерни часови?

Всушност, кога претеруваме со храната во доцните вечерни часови, како со многу други работи, клучот е во главата. Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг со користење на магнетна резонанса кај голем број на луѓе измериле како реагира мозокот на сликите на висококалорична храна (колачи, сладолед и сендвичи) и нискокалорична храна (овошје, зеленчук и интегрални житарици). Овие реакции биле мерени во различни периоди во денот, конкретно наутро и навечер. Резултатите покажале дека сликите од храната, особено од висококалоричната може да предизвикаат скок на мозочната активност, со тоа што оваа реакција била помала во вечерните часови. Овој резултат до некаде е изненадувачки, со оглед на тоа дека цел на истражувањето било да се утврди зошто навечер јадеме повеќе.

Меѓутоа, на основа на податоците кои биле добиени, истражувачите го заклучиле следното: склони сме да јадеме повеќе во вечерните часови затоа што храната ни носи поголемо чувство на задоволство во споредба со текот на денот. Затоа, за да го доживееме истото чувство на ситост и задоволство како и преку денот, често навечер јадеме повеќе. Ова истражување е објавено во списанието Brain Imaging and Behavior.

Ви предлагаме да прочитате: 10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето.

Сподели: