Кремаст чоколаден колач без печење 1

Кремаст чоколаден колач без печење

Кога сакате да подготвите торта без печење и сакате да ја избегнете летната жештина или едноставно и лесно да направите вкусен десерт, вреди да го пробате овој колач без печење!

Ќе им успее на сите домаќини и домаќинки! Издвојте малку време и засладете се.

Кремаст чоколаден колач без печење 2

Состојки:

Основа:

  • 200 гр бисквити
  • 90 гр путер
  • околу 1 мл екстракт од рум

Светол крем:

  • 300 гр крем сирење
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 лажици слатка павлака
  • 1 фолија (2 гр) желатин
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Темен крем:

  • 200 гр црно чоколадо ( со 75 % какао)
  • 200 мл слатка павлака
  • 150 мл изматена слатка павлака.

Подготовка:

  1. Бисквитите измелете ги, а потоа измешајте ги со растопениот путер и екстрактот од рум.
  2. Смесата распоредете ја во правоаголен калап обложен со хартија за печење и убаво израменете ја, па ставете во фрижидер за да се стврди за време околу 1 час.
  3. Започнете со подготовка на светлиот крем. Желатинот ставете го во ладна вода да отстои 10-тина минути.
  4. Со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
  5. Слатката павлака ставете ја да се загрее(но не и да зоврие) и додајте го желатинот, претходно убаво исцеден од водата.
  6. Откако желатинот ќе се растопи додајте го во изматеното крем сирење и убаво измешајте.
  7. Ставете го кремот врз основата од бисквити и вратете во фрижидер уште 1 час.
  8. Припремете го и темниот крем. Слатката павлака убаво загрејте ја и со истата прелејте го чоколадото искршено на коцки.
  9. Мешајте додека чоколадото се растопи.
  10. Потоа покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои 5 минути.
  11. Со жица измешајте го чоколадото и додајте ја изматената слатка павлака.
  12. Мешајте внимателно во еден правец, од долу према горе.
  13. Нанесете го чоколадниот крем врз светлиот слој од крем сирење и оставете да отстои во фрижидер околу 4 часа (или преку ноќ).
  14. Пред да ја послужите оставете ја некое време на собна температура.
  15. Може да украсите по желба или како во нашиот пример да нанесете топки слатка павлака и сува брусница.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни коцки со путер од кикиритки – без печење.

Сподели: