Лосос - високо протеинска храна без јаглени хидрати 1

Лосос – високо протеинска храна без јаглени хидрати

Лососот е морска риба чие месо е многу ценето и се користи во човековата исхрана уште многу одамна. Ова месо е препознатливо по својата фина и црвена боја, мека структура и пријатен мирис. Во продолжение дознајте нешто повеќе за нутритивната вредност и здравствените придобивки од консумацијата на лосос.

Постојат повеќе видови лосос од кои некои имаат поцрвено или посветло месо. Во секој случај, месото од лосос е многу квалитетно. Спаѓа во помасните видови на месо од риба и изобилува со многу важни нутриенти. Нутритивната вредност на разни видови на лосос може да варира, а разликата помеѓу дивиот и одгледуваниот во базени не е занемарлива. Иако, дивиот лосос е похранлив, сепак одгледуваниот е побогат извор на протеини.

Лосос - високо протеинска храна без јаглени хидрати 2

Како е најдобро да се подготвува?

Подготовката на самото месо е многу важна за зачувувањето на хранливите материи. Може да се јаде свеж, подготвен на пареа, печен, на скара, варен или чаден.  Сепак, најздраво е да се јаде што е можно помалку процесиран, па најдобар варијанта е во вид на филети. Најдобри се кога се консумираат печени, споредено со пржени или конзервирани.

Нутритивен состав на лососот

Месото од лосос изобилува со протеини и аминокиселини. Исто така, содржи компоненти кои се од огромна важност за здравјето на зглобовите, правилното функционирање на дигестивниот тракт и за регулација на инсулинот. Изобилува со многу важни витамини (Д, Б6, Б12, А, Ц, К, Е, голати) и минерали (магнезиум, фосфор, железо, цинк, натриум, бакар, селен).

Во продолжение погледнете кои основни макронутриенти ги содржи одгледуваниот печен лосос во 100 грама месо:

  • јаглени хидрати – 0 г
  • масти – 12 г (19 % од препорачаните дневни дози)
  • протеини -22 г (44% од препорачаните дневни дози)

Лососот е високопротеинска храна и воопшто не содржи јаглени хидрати. Исто така, содржи и многу масти, при што изобилува со омега 3 масни киселини, витамини и минерали. Содржи многу низок процент на натриум. Но, чадениот лосос содржи многу сол, а помалку масти и протеини.

Сите видови на лосос содржат и големи количини на холестерол, од кој организмот има потреба во одредени дози. Па така, суровиот лосос на 100 г содржи 55 мг холестерол, што задоволува 18 % од дневните препорачани дози.

Здравствени придобивки од консумацијата на лосос

Месото од лосос е добро за целокупното здравје, што се должи на здравите масни киселини кои ги содржи, како и на некои други состојки. Хранливото и вкусно лососово месо е корисно за:

  • нервниот систем и мозок
  • срцето и крвните садови
  • мускулите и коските
  • очите, кожата и косата
  • превенција од рак
  • добар сон и здрав метаболизам.

Ви препорачуваме да прочитате:  Со почеста консумација на лосос до превенција на рак од дојка.

Сподели: