маслиново масло

Маслиново масло на гладно – 8 придобивки за здравјето

Сигурни сме дека сте слушнале за хранливите и лековитите својства на маслиновото масло. Но, дали знаете кое масло го препорачуваат нутриционистите, како вреден дел од секојдневната исхрана? – Тоа е ладно цеденото или девствено маслиново масло. Богато е со витамини, масни киселини и други состојки кои се неопходни за нашето тело да функционира нормално.

Маслиновото масло ги содржи витамините растворливи во масти – А, Д, Е и К, содржи и омега 3 масти масни киселини, а неговиот состав прави да е моќен антиоксиданс. Една лажица маслиново масло, наутро, на празен стомак има многу придобивки за здравјето на луѓето. Па, ви откриваме некои детали во таа насока.

маслиново масло

Ги подобрува функциите на дигестивниот систем

Дигестивниот систем е еден од клучните за функционирањето на организмот. Маслиновото масло влијае на одржување на цревната флора, а со тоа спречува разни воспалителни процеси, кои можат да доведат до цревни заболувања. Го подобрува варењето на храната, а се користи и против деменција и рак.

Има позитивен ефект врз кожата, косата, ноктите и коските

Маслиновото масло ја храни и хидрира кожата, како и го забавува нејзиното стареење. Ја негува и косата давајќи ѝ мекост и здрав сјај. Го подобрува квалитетот на ноктите и влијае на нивниот раст. Бидејќи е богато со витаминот К, па значително ги зајакнува коските.

Го обновува црниот дроб

Добро е познато колку е важна улогата на црниот дроб за функционирањето на целиот организам, бидејќи има функција на прочистување и ослободување од штетни материи. За да го заштитите, измешајте 2 лажици маслиново масло со исцеден сок од лимон и пијте го секое утро на празен стомак.

Помага при слабеење

Омега 3 масните киселини се препорачуваат апсолутно во секоја диета, бидејќи, ве одржуваат сити долго време и го забрзуваат метаболизмот. Маслиновото масло е богато со нив, па затоа, 1 лажица наутро сигурно ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги.

Го штити срцето и го намалува холестеролот

Познато е дека има лош (ЛДЛ) и добар холестерол (ХДЛ), а нивната врска директно влијае на здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Лошиот холестерол предизвикува затнување на крвните садови, што понатаму доведува до бројни, често фатални компликации. Добриот холестерол има моќ да ги намали вредностите на лошиот, а тој ефект може да се постигне со практикување на медитеранската диета. Маслиновото масло е еден од најважните извори на мононезаситени масни киселини кои создаваат ХДЛ во човечкото тело и го подобруваат здравјето на срцето.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Бидејќи го регулира нивото на холестерол, исто така, влијае и на нивото на гликоза во крвта. Затоа, маслиновото масло е важна состојка во исхраната на дијабетичарите.

Ги штити функциите на мозокот

Маслиново масло ја подобрува меморијата и делува како превенција од многу болести, како што е Алцхајмеровата болест. Му обезбедува на мозокот доволно кислород, го штити од слободните радикали и значително ја намалува можноста за депресија.

Имајќи ги предвид сите овие факти за маслиновото масло што сведочат за позитивните ефекти врз телото, една до две лажици секое утро на празен стомак, дефинитивно треба да ви стане навика.

Го подобрува имунитетот

Редовната употреба на маслиновото масло го зајакнува имунитетот и помага организмот да се избори со вирусите. Исто така, придонесува и за лекување на одредени автоимуни болести.

Наша препорака:

Кога станува збор за здравјето, несомнено е дека за консумација на гладно, со цел максимално искористување на здрвствените придобивки, прво ќе ви го препорачаме Брилијант екстра девственото маслиново масло на Витаминка. А, кога разговараме за кулинарски вкусни дружби, нивната палета и широка и ги нуди следните други маслинови масла: Брилијант маслиново помас масло, Брилијант мешано масло за салата и  Брилијант девствено маслиново масло.  Сите овие масла се лесно достапни и може да ги најдете во сите подобро снабдени маркети.

Автор на текст и фотографија: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 важни работи за маслиновото масло.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: