Оброк салата со јачмен, спелта и песто сос 1

Оброк салата со јачмен, спелта и песто сос

Со задоволство споделуваме рецепт за вкусна оброк салата со јачмен, спелта и песто сос! Предлогот е од Катерина и несомнено е добар, пробајте ја!

А, пред тоа, уште неколку збора зошто не треба да се двоумите воопшто и мора да си ја направите салата што поскоро.

Консумацијата на намирници кои содржат јачмен значително го намалува лошиот холестерол, утврдило едно ново истражување. Истражувањето кое е спроведено во Торонто, утврдело дека користењето на јачмен во исхраната го намалува LDL холестеролот кој е уште познат како лош холестерол. Ова е едно од ретките истражувања кои ги анализирале ефектите од консумацијата на јачмен и производите кои го содржат. Резултатите кои се добиени се значајни за целата популација, а особено за лицата кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести, како и дијабетичарите. Јачменот го намалува вкупниот холестерол кај поединците кои се изложени на висок ризик, но може да има позитивно дејство и кај луѓето кои не се соочуваат со овој проблем.

Спелтата ги содржи сите витамини од Б групата, со исклучок на Б12, а има 7-8 пати повеќе калциум, магнезиум, фосфор и селен од останатите житарици. Во споредба со пченицата, спелтата има неколку предности. Глутенот од спелтата е растворлив во вода, а кога се загрева се разложува и е многу полесно сварлив. Така, за разлика од пченичниот глутен кој кога ќе дојде до органите за варење формира „топчиња“ кои е прилично тешко да се сварат.

Оброк салата со јачмен, спелта и песто сос 2

Состојки:

  • 70 грама јачмен
  • 70 грама спелта
  • 250 грама шери домати
  • 125 грама моцарела
  • 1 полна лажица песто сос
  • сол по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Јачменот и спелтата измијте ги и ставете да се варат. Доволно е да ги варите 35 минути.
  2. Откако ќе се сварат исцедете ги и оставете да се изладат.
  3. Сварените јачмен и спелта, ставете ги во длабок сад.
  4. Додајте ги шери доматите исечени на осминки и моцарелата исечена на помали коцки.
  5. Додајте го и песто сосот.
  6. Посолете и ставете малку масло.
  7. Измешајте убаво и имате супер вкусна салата, која е одлична и како засебен оброк.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Оброк салата од ориз и варено месо.

Сподели: