Печени уштипци од тиквичка и сирење 1

Печени уштипци од тиквичка и сирење

Припремивте ли ручек за денес? Ако сеуште не сте направиле, еве еден лесен рецепт за печени уштипци од тиквичка и сирење кој се прави додека трепнете!

Вкусот е проверен и е на предлог на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

Печени уштипци од тиквичка и сирење 2

Состојка:

  • 1 средно голема тиквичка
  • 1-2 чешниња лук (или 1-2 стебленца млад лук)
  • 2-3 лажички рендано сирење
  • околу 1 шолја брашно
  • 1 јајце
  • малку црн пипер и сол
  • сечкан магдонос по потреба
  • по желба сечкани коцкички сланина.

Подготовка:

  1. Тиквичката излупете ја и изрендајте ја, малку посолете ја и оставете ја отстои 10-тина минути.
  2. Лукчето излупете го и ситно исечкајте го или иситнете го со помош на алатка, па пропржете го во малку масло.
  3. Тиквичката добро исцедете ја, додајте го сирењето, претходно припремениот лук, зачинете со сол и црн пипер по вкус, сечкан магдонос колку што сакате, јајцето и брашното. Добро измешајте за да се поврзат состојките.
  4. Ако сакате да постигнете пикантен вкус додајте малку луто пиперче.
  5. Додајте ги коцкичките сланина, ренданото сирење и измешајте.
  6. Уштипците формирајте ги со лажица и редете ги во плех, претходно обложен со хартија за печење.
  7. Попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути.

Предлог за сервирање: направете ѕаѕики сос или таратур и послужете.

Ви препорачуваме да прочитате: Лесен и брз рецепт за ќофтиња од тиквички.

Сподели: