Секој рецепт кој е едноставен и брз, па уште и вкусен е неизбежно да го испробаме на нашето мени! Штом ќе ги погледните ќе ве освојат, превкусни се овие ќофтиња од тиквички!
Рецептот е испробан и фотографиран од нашата пријателка Лана, а ние и веруваме и знаеме дека нема да згрешиме со предлогот. Уживајте додека се топли!

Состојки:
- 1 поголема тиквичка
- 2 јајца
- 75 гр брашно
- 75 гр гриз
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 50 гр рендано тврдо сирење (кашкавал, пармезан).
Подготовка:
- Тиквичката измијте ја, излупете ја, изрендајте ја и посолете ја, па оставете ја да стои малку.
- Јајцата изматете ги и измешајте ги со брашното и гризот, а потоа додајте малку сол и прашокот за печиво.
- Тиквичките добро исцедете ги и измешајте ги со смесата од јајца, брашно и гриз.
- На крајот, додајте го ренданото тврдо сирење и добро измешајте.
- Во тава на оган загрејте масло, па со помош на лажица спуштајте по малку од смесата во врелото масло. Пржете кратко, од двете страни, додека ќофтињата заруменат.
- Ќофтињата извадете ги на кујнска хартија за да го впие вишокот масло, а потоа послужете ги топли со прилог од свежа сезонска салата.
Ви препорачуваме да прочитате: Ќофтиња од тиквички и бајат леб.