За сите обожаватели на слатки вкусови, време е да откриеме нов и многу добар рецепт! Ако сакате да направите мала промена во десертното мени, овие посни бомбици од суво овошје и лешници се тоа што ви треба!
Од само 3 состојки, многу брзо, лесно и едноставно ќе имате супер посен десерт.
Состојки:
- 200 гр суви кајсии или сливи
- 200 гр лешници или ореви
- 100 гр шеќер
- малку вода.
За посипување:
- кокос, мелени лешници/ореви или шеќер во прав, по потреба.
За сервирање:
- хартиени корпички за колачи по желба.
Подготовка:
- Сувото овошје ситно исечкајте го или измелете го.
- Лешниците или оревите, зависно што ќе изберете, исто така ситно измелете ги.
- Земете малку вода и измешајте ја со шеќерот, во количина која е доволна да го стопи, а потоа оставете да зоврие.
- Во водата додајте го сувото овошје и лешниците, па оформете ги бомбиците.
- Оформените бомбици веднаш посипете ги во кокос, мелени лешници или ореви, или шеќер во прав.
- На крај, сервирајте ги. Може да ги ставите во хартиени корпички или на друг начин по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: Посни баунти колачи.