Рецепт за познатите Виенски шницли 1

Рецепт за познатите Виенски шницли

Направете си јадење по оригинален рецепт како што јадат почесните луѓе во австриската престолнина! Пренесуван е со генерации, од народ на народ и одлично е секој може да го прилагоди на својот вкус. Познатите и превкусни Виенски шницли сега може да се најдат и во нашата чинија!

За нив е карактеристично што се служат топли, тукушто излезени од маслото и врели, а се служат со пржени компирчиња или компир салата. Тоа останува на вашиот вкус, а еве како се приготвува ова неодоливо јадење.

Рецепт за познатите Виенски шницли 2

Состојки:

  • 4 големи телешки шницли
  • 6 лажици масло
  • 2 јајца
  • сол и црн пипер по вкус
  • 2 лажици брашно
  • 100 гр лебни трошки
  • 4 кришки лимон
  • 1/2 врзоп магдонос.

Подготовка:

  1. Шницлите благо исчукајте ги со чекан за месо.
  2. Јајцата изматете ги со жица за матење, посолете ги и зачинете ги со црн пипер.
  3. Шницлите извалкајте ги во брашно, потопете ги во изматеното јајце со зачините и на крајот посипете ги од сите страни со лебните трошки. Внимателно истресете го вишокот на лебни трошки.
  4. Шницлите пржете ги од двете страни, во претходно сврелено масло додека поруменат. Како дополнителен совет за пржењето, ако сакате шницлата да го има карактеристичниот брановиден облик, повремено преливајте ја со маслото во кое се пржи.
  5. За да се исцеди вишокот на масло, извадете ги врз салфетка.
  6. Сервирајте ги додека се топли, украсени со лимон и со прилог од пржени компирчиња или вкусна салата од варени компири. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани свински шницли со прилог од зеленчук.

Сподели: