Сочни печени ражничи од свинско месо и зеленчук

Споделуваме со вас, како едноставно да стигнете до превкусно и многу сочно јадење! Еве го нашиот омилен рецепт кој е како измислен за топлите денови кои доаѓаат! Пробајте сочни печени ражничи од свинско месо и зеленчук по нашиот најнов рецепт!

А, пред да го споделиме рецептот, радо ќе споделиме неколку корисни совети за максимално добри резултати.

ражничи агриа

Од каде да започнеме?

Нормално, од изборот на месо. Нашиот избор е свежа свинска удина од Агриа. Обично ја набавуваме еден ден пред да ги подготвуваме ражничите, за да има време убаво да се маринира и да омекне месото. А потоа, можете да замислите, совршенство од вкусни ноти!

Како да го маринирате месото?

Прво припремете ја маринадата, и оставете ја да стои во фрижидер барем 30 минути. За тоа време месото исечете го на коцки.

Совети плус:

  • За највкусни и сочни ражничи, користете свежо или целосно одмрзнато месо, не маринирајте замрзнато месо никогаш.
  • Правилно маринираното месо може да го користите за печење во рерна, за скара, за брзо пропржување во малку масло, динстување и бавно готвење, за подготовка на оброци.

Состојки за маринадата:

  • 1/2 чаша свежо цеден сок од портокал
  • 1/3 чаша свежо цеден сок од лимон
  • 1/3 чаша сечкан магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици мелен ким
  • 1 лажиче чили
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче мелен црн пипер, најдобро свежо мелен
  • 1/2 лажиче лук во прав.

Други состојки:

  • до 1 кг свинска удина од Агриа (количината ќе ја одредите сами, според вашата потреба)
  • пиперки по потреба
  • кромид по потреба.

Подготовка:

  1. Свежата свинска удина исечете ја на коцки и ставете ја во претходно измешаната и отстоена маринада – барем 30 минути во фрижидер. Тоа може да го направите во зип кеса или во сад со капак.
  2. Оставете да стои во фрижидер 4 до 24 часа, а потоа преминете на редење.
  3. На стапчиња за ражничи ставете парче месо, па парче кромид, парче пиперка и одново, додека го исполните стапчето.
  4. Постапката повторувајте ја додека се потроши месото.
  5. Печете 15 минути во загреана рерна на 250 степени, па превртете ги и печете уште 15 минути.

Инфо плус:

Месото од Агриа може да се најде во нивните месарници ширум земјата, како и во Тинекс маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо во сос од бело вино.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: