Традиционално макало од пиперки 1

Традиционално макало од пиперки со компири – летен рецепт

Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, ви предлагаме да го пробате нашиот омилен и испробан рецепт за еден традиционално макало од пиперки со компири!

Го правеа нашите баби, мајки, а сега дојде и нашиот ред. Нив им се заблагодаруваме што нè научија, а ние уживајќи внесовме неколку мали измени за подобар квалитет на јадењето! Вкусот е многу добар, топло препорачуваме да го пробате!

Традиционално макало од пиперки 2

Убавото во овој рецепт е што состојките, вкусот, количината, може да ги менувате секој пат во различен сооднос, да изоставите некоја по потреба или вкус и повторно да имате во чинијата нешто многу вкусно. Не одзема многу време и тоа го прави уште подобар. Состојките вообичаено ги имаме сите во домот, па еве како се прави.

Состојки:

Подготовка:

  1. Започнете од компирите. Измијте ги, излупете ги и сварете ги. За побрзо варење може да ги исечете на кругови, а ако преферирате да ги варите со се лушпа, па така да ги лупите, можете слободно.
  2. Пиперките измијте ги и испечете ги. Оставете ги кратко да отстојат, а па излупете ги и издробете ги. По желба и ако сакате макалото да биде покремасто, може да ги истолчите.
  3. Потоа, компирите испасирајте ги и измешајте ги со претходно припремените пиперки.
  4. Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Или, по желба додајте лук во прав.
  5. Зачинете со сол и Шарлаган ладно цедено сончогледово масло по вкус, па убаво измешајте.
  6. Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го. Додајте го и лесно промешајте, а препорачуваме да го распоредите и по површината за декорација.  Се јаде и со прибор, но највкусно е кога се мака. Па, земете топол леб, соберете го семејството и макањето може да започне, на здравје!
Традиционално макало од пиперки 3

Совет плус: Лукот може да го изоставите ако сакате да ја нема неговата арома. Испробано вкусно е и на тој начин. Препорачуваме да го сервирате со сирење за прилог.

Ви препорачуваме да прочитате: Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе.

*Спонзориран рецепт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: