чоколаден посен куглоф

Чоколаден посен куглоф

Она што е вкусно никогаш не излегува од мода, таков е и овој чоколаден посен куглоф! Лесен фантастичен вкус кој ќе сакате што побрзо да го пробате повторно!

Нашата пријателка од Бугарија редовно ни предлага интересни рецепти, а сите нив може да ги најдеме на нејзиниот блог trydiani. Овој чоколаден и посен куглоф најмногу ќе го обожаваат љубителите на лесна и посна храна, а сите останати веруваме исто така. Уживајте во неговиот неодолив чоколаден вкус. Ние обично го сервираме со шолјичка кафе и чаша вода, пробајте и вие, сигурно ќе ви се допадне.

чоколаден посен  куглоф

Состојки:

  • 1½ чаши брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1/4 чаша какао
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1/2 мала лажичка сол
  • 1/3 чаша масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • цимет (канела) по желба
  • 1 филџан варено кафе
  • 1 мала лажичка кафе
  • 1/4 филџан кандирани корички од цитрусно овошје (може и рендана кора од лимон, портокал).

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат брашното, солта, содата, какаото, лажичката кафе, шеќерот, циметот и ванилиниот шеќер. Состојките се мешааат.
  2. Во садот се додаваат кафето и маслото. Добро се меша за да се добие хомогена смеса.
  3. Во садот се додаваат и канидраните кори.
  4. Сместата се става во силиконски калап за куглоф (може да користите и намрсен калап за куглоф) и се пече на температура од 200 степени.

Сподели: